Проектната активност по Општество за темата „Семејство, домаќинство и општество“, ја реализиравме преку истражувачки активности поделени во три групи. Првата група доби задача да истражува кој е најчитан дневен весник и да најде податоци за дневни весници. Задачата од втората група беше да истражува за телевизијата и кој е најгледан телевизиски канал. Интернетот, неговото безбедно користење и најпосетуваната интернет страна беше предмет на истражување на третата група.
За да откријат кој е најпопуларен во областа во која истражуваа, сите групи анкетираа по 50 испитаници, а потоа податоците ги преставија со табела и столбест дијаграм. Секој член од групата имаше своја задача и заедно создадоа книга во која покрај податоците од анкетата поставија и илустарции и информаци до кои дојдоа во своето истражување. На крајот книгата ја презентираа пред другите ученици.