Правиме книга - Моето одделение. Учениците се поделени во групи и секоја група има задача да ги претстави основните податоци за претходно усвоените наставни содржини. Се користи техниката грозд и набројување. Претходно како подготовка за часот секој ученик имаше за задача да изработи своја лична карта т.е. да ги запише основните податоци за себе, своите интереси и активности. На крајот сите материјали се составуваат во една книга на одделението.
|