Работиме во четири групи, истражуваме за четири животни средини: копнена, воздушна, водена и почва. Секоја група истражува за живиот свет во одредена животна средина, како таа се загадува и што може да се преземе за да се заштити од загадување. После двонеделно истражување, податоците се сместуваат во книги и секоја група врши презентација пред другите ученици кои го следат презентирањето и ја оценуваат групата според претходно определени критериуми.
|