Часот е реализиран со користење на дигиталната сликовница „Вики и очилата“ која е дел од библиотеката со дигитални сликовници креирани од Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор.
Преку техниката шест шешири (бел, син, жолт, зелен, црвен и црн) ја обрабтуваме сликовницата „Вики и очилата“. Секоја боја има свое значење, па учениците вршат анализа, ги искажуваат позитивните и негативните емоции и случки во книгата, споредуваат со ситуации од својот живот. Работиме во групи, ученикот кој нешто кажува го става шеширот на главата. Во завршниот дел од часот по еден ученик од секоја група го презентира сработеното пред другите и се поведува дискусија.