ЈАС СО ДРУГИТЕ
Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Знае да се претстави себеси што умее,што сака, што може · Ја јакне самодовербата во своите постапки и способности · Препознава сличности и разлики меѓу луѓето · Спознава дека секој има свое мислење различно или исто со другите · Ги спознава карактеристиките кај луѓето во различни периоди од животот · Ја сфаќа функцијата на прави- лата за заедничко живеење · Учествува во донесувањето на правилата на однесување во училиштето · Ги применува правилата во учи- лиштето и животот · Спознава дека секој човек има права и одговорности ЖИВОТОТ И РАБОТАТА ВО УЧИЛИШТЕТО Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Знае како е организирано училиштето · Знае што работат наставници- те, директорот,службите во училиштето · Ги знае и почитува правилата за однесување во училиштето · Има чувство за меѓусебно почитување,помагање, соработка · Го разбира значењето на збо- ровите одговорност, праведност, приватност · Разликува лично и заедничко · Одговорно се однесува кон своите и заедничките работи во училиштето · Учествува во прославите |
МОЈОТ ДОМ
Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Ги разликува роднинските врски во потесното и поширокото семејство · Има чувство на припадност кон своето семејство · Разликува различни видови на семејно живеење(семејство со еден родител, дом семејство, институција семејство) · Ја знае функцијата на просто- риите во домот · Го именува дел од мебелот и апаратите во домот и го знае нив- ното правилно користење · Ги воочува и избегнува опас- ностите, развива чувство на одго- ворност кон својата безбедност и безбедноста на другите · Разликува елементарни непо- годи и знае како да се заштити, · Активно учествува во одржува- њето на личната хигиена и хигие- ната во домот · Го сфаќа значењето на здравјето · Го користи слободното време активно, според своите желби и интереси ЈАС СУМ ДЕЛ ОД ПРИРОДАТА Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Разликува жива и нежива природа · Ја согледува и сфаќа поврза- носта на живите организми и неживата природа · Ги разликува видовите растени- ја, ги именува и го знае нивното значење и користа од нив · Разликува и именува листопад- ни и зимзелени дрвја · Ги разликува годишните времи- ња и промените во природата · Ја знае разликата меѓу домаш- ните и дивите животни · Умее да се ориентира во вре- мето и правилно ги користи тер- мините за деноноќие · Знае како треба да се заштитува од повреди и болести · Ги набројува сетилата и за што служат |
ЈАС ИСТРАЖУВАМ
Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Ги открива и запознава свој- ствата на различните материјали (хартија,песок,ткаенина, природни материјали), препознава материја- ли со допир(мазно,рапаво),ги ком- бинира и правилно искористува · Го сфаќа значењето на водата, воздухот,светлината - Развива свест за заштита на природата СООБРАЌАЈ Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Знае правилно и безбедно да се движи · Ги почитува сообраќајните знаци во реална ситуација · Препознава сообраќајни знаци за пешаци · Препознава крстосница и знае како се преминува · Разликува видови на сообраќајни средства · Ги воочува сличностите и разликите на различните сообраќајни средства · Ја сфаќа важноста на сообраќајната поврзаност на различните делови од својот крај и пошироко МОЕТО МЕСТО Очекувани резултати Ученикот/ученичката: · Разликува град, село, населба · Ги препознава и именува поз- начајните објекти во непосред- ната околина и да се ориентира според нив · Препознава и споредува стари и нови градби · Покажува интерес и почит кон традицијата и културното наследство · Има чувство на припадност кон својата татковина · Ги набројува позначајните природни убавини |
|