Обработка на приказната „Мижуркавиот крт ја спаси Баба Меца од сигурна смрт“ - Лазо Каровски, со помош на техниката видови на прашања (предвидувачки, фактички и инферентни). Работиме во парови. Првиот час текстот не им е познат на учениците, наставникот го чита на делови, при што после секој дел застанува, го поставува прашањето и учениците преку одговорот предвидуваат што ќе се случи. Вториот час текстот веќе им е познат на учениците и одговараат на инферентното и фактичките прашања.
Интерпретација на текст „Библиотекарот на одделението“ со помош на техниките наставникот чита на глас и видови на прашања - работа во парови.