Целта на проектот е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана. Овој проект е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, која здружението на граѓани „ОХО“ во соработка со Министерството за образование и наука успешно ја имплементира веќе две години.
Активностите вклучуваат: изработка на кратки пораки на темата „Здрава храна за детство без маана“, кои стануваат дел од еко-кодексот на училиштето, изработка на рецепти на истата тема од учениците и од родителите, одбележување на определените денови на зеленчук и овошје, јавен настан за промоција на кампањата.

Работилница за здрава храна во која беа вклучени и родителите.
Учество на манифестацијата одржана во центарот на градот, а организирана од нашето училиште ООУ„Гоце Делчев“ во соработка со ЈОУДГ„Наша иднина“ и СОУ„Орде Чопела“