Јазична писменост во почетните одделенија - употреба на техниките: Ѕвезда на приказната, Прошетка во галерија, Книга на паралелката. Обработка на лектирата „Зоки Поки“ од Оливера Николова. Учениците се поделени на парови. Паровите добиваат задача да обработат по еден расказ од книгата со помош на техниката Ѕвезда на приказната, а потоа истиот расказ секој ученик индивидуално го илустрира. Ѕвездите и илустрациите се поставуваат на таблата и во текот на одморот учениците слободно ги разгледуваат изработките од целото одделение (Прошетка во галерија). Листовите се подредуваат според редоследот на расказите во книгата „Зоки Поки“, двајца ученици се задолжуваат да ги изработат кориците и се создава една книга на пралелката.
|