ТЕХНИКА - ДНЕВНИК СО ДВОЈНИ БЕЛЕШКИ
- Се користат поединечни листови или тетратка
- Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина, левата страна од листот е за цитатот од поетска или прозна творба, а на десната страна учениците ги запишуваат нивните впечатоци, коментари, анализи или прашања за текстот.
- За ,,Дневникот со двојни белешки,, не се даваат оценки и не се корегира правописот на пишуваното за учениците да не се плашат да ги истражуваат и да ги развиваат своите мисли
- На ,,Дневникот со двојни белешки,, се запишува насловот, авторот и се одбележуваат со број сите страници
Обработка на стихотворбата „Книго моја“ - Асен Босев. Запознавање на учениците со техниката - Дневник со двојни белешки - работа во мали групи.Секој ученик во групата дава коментар за една строфа, а останатите членови му помагаат и дополнуваат.
Техники - Дневник со двојни белешки и Венов дијаграм. Преку техниката Венов дијаграм (заедничка работа) се анализираат ликовите од текстот „Златно срце“ - нивните заеднички особини се запишуваат во пресекот на множествата. Со помош на техниката - Дневник со двојни белешки (индивидуална работа) се коментира значењето на зборовите „златно срце“ употребени во две реченици од расказот, во различен контекст.