Се запознаваме со децималните броеви, откриваме што се десеттиники, а што стотинки, ги подредуваме на бројни низи, формираме парови од децимални броеви чиј збир е 1.
На почеток ги подредуваме децималните броеви во низи.Следува играње „карти“ во парови, еден ученик влечи карта од кај другиот, ги споредуваат броевите и тој што извлекол поголем број ги зема картичките. Победник е ученикот кој ќе ги собере сите карти.
Децимални снежни топки
Секој ученик запишува еден децимален број на лист, а потоа од листот прави „снежна“ топка. На даден знак од наставникот сите ги фрлаат снежните топки кон таблата, а потоа излагуваат по групи и секој ученик си одбира по една топка, го отвора бројот, а потоа треба правилно да го прочита и да одговори на едно прашање од наставникот поврзано со месната вредност на цифрите.